Саудијците се извинија: Не знаевме за таа традиција

Репрезентативците на Саудиска Арабија го навлекоа бесот на светската јавност откако не ја испочитуваа минутата молчење пред квалификацискиот натпревар со Австралија, во чест на жртвите на терористичките напади во Лондон. Сепак, фудбалската федерација на оваа земја испрати официјално извинување до австралиската куќа на фудбалот, посочувајќи дека се работи за ненамерна грешка од незнаење, без никакви лоши намери.

Покажување почит кон мртвите со молк во траење од една минута не е дел од нашата култура, а ние не знаевме за оваа традиција. Целта не ни беше да ги навредиме семејствата и пријателите на жртвите. Нашата федерација ги осудува сите видови на насилство и екстреизам и испраќаме порака со искрено сочувство до семејствата на загинатите“ – се вели во соопштението на Фудбалската Федерација на Саудиска Арабија.

Се вчитува...