Саудијците тргнаа и по Пауло Дибала

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала имаше успешна сезона во Рома, односно го заобиколија повредите со кои имаше проблем во Јувентус. Играчот од нападот има клаузула од 12 милиони евра ако некој сака да го откупи, но засега нема ниту една понуда од големите европски клубови.

Меѓутоа ова ќе го искористат клубовите од Саудиска Арабија, кои се подготвени да ја платат сумата и да го привлечат Дибала да дојде во оваа земја.

Според италијанските медиуми, Аргентинецот сериозно размислува за понудата, затоа што веќе има 30 години, враќање на голема сцена ќе биде исклучително тешко, па од тука на крајот од кариерата би можел добро да заработи. Саудијците ќе го „мамат“ со трипати поголема плата од она што го заработува во Рома.

Се вчитува...