Саудијците за две милијарди долари ќе владеат со светскиот тенис

Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија неодамна потпиша договор за стратешко партнерство со АТП, но челниците на оваа држава не планираат да застанат тука и не ја кријат желбата наскоро да загосподарат целосно со „белиот спорт“.

Имено, британскиот новинар Сајмон Бригс од „Телеграф“ тврди дека Саудијците тргнале во отворена офанзива да станат господари на светскиот тенис откако понудиле две милијарди долари со која тие би ги контролирале случувањата во тенисот. Понудата вклучува конечно обединување на АТП и ВТА, при што се гарантираат и еднакви парични награди за машките и за женските тенисери на сите турнири кои би биле под капата на оваа новоформирана организација.

Ова практично би значело дека Саудијците би го криеле тенискиот календар и би одлучување за распределбата за Мастерс-турнирите во иднина. Понудата не ги опфаќа гранслем турнирите, кои и во иднина ќе го задржат статусот на најсилни натпреварувања.

Неофицијално, понудата што е доставена е со рок од 90 дена во кои челниците на АТП и ВТА треба да се изјаснат дали ќе ја прифатат. Еден од проблемите е инсистирањето од Саудиска Арабија секоја календарска година во иднина да стартува со Мастерс-турнир во оваа држава како увертира за Австралија Опен, на што жестоко се спротивставиле организаторите на турнирите низ Австралија кои досега се користеа за загревање за првиот гранслем турнир во календарската година.

Се вчитува...