Саудиското преземање на Њукасл повторно се развлекува

Преземањето на Њукасл од конзорциумот од Саудиска Арабија и натаму се одложува. Последната препрека поради која нема конечна одлука се однесува на дилемiте кои ги има Премиер-лигата околу тоа кој ќе го има главниот збор и ќе ги носи извршните одлуки во клубот.

Премиер-лигата се обидува да открие кој ќе ја има клучната одговорност на „Сент Џејмс Парк“. Понудата вредна 300 милиони фунти ја достави бритнаската финансиерка Аманда Стивли, но во име на Инвестицискиот фонд кој треба да преземе 80 проценти од сопствеништвото на клубот.

На чело на конзорциумот е принцот Мохамад Бин Салман и затоа адвокатите на Премиер-лигата се обидуваат да ја детерминираат преицизната врска меќу Фондот и саудиската влада. Премиер-лигата, но и Владата во Бритaнија имаат проблем со Саудиска Арабија пorади сериозното прекrшување на ТВ правата од најсилната англиска фудбалска конкуренција.

 

 

 

Се вчитува...