Саул Нигез доаѓа на „Олд Трафорд“ ? Твитер-активностите го издадоа Шпанецот

Шпанскиот репрезентативец Саул Нигез најави супер-трансфер, а на Твитер соопшти дека името на новиот клуб ќе го соопшти за три дена. Но, потоа и продолжи со активности на социјалните мрежи од кои може да се заклучи дека неговите погледи се насочени кон „Олд Трафорд“.

Британските медиуми откриваат дека Саул ги заследил сонародниците Давид де Хеа и Хуан Мата, исто како и француската ѕвезда Пол Погба, португалскиот интернационалец Бруно Фернандеш и напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. Ова дефинитивно значи дека одличниот играч за врска ќе се пресели на „Олд Трафорд“ во летниот преоден рок. Англискиот премиерлигаш веќе подолг период е заинтересиран за неговите услуги.

Саул Нигез за Атлетико Нигез одигра 286 натпревари и постигна 38 гола.

Се вчитува...