Саул Нигез уште ДЕВЕТ ГОДИНИ во Атлетико Мадрид

Саул Нигез потпиша нов договор со Атлетико Мадрид, со кој се обврза да остане во овој клуб до 2026 година. По неговите одлични игри на Европското првенство за селекции до 21 година во Полска, Барселона покажа интерес за ангажман на Саул, а се споменуваше сума од 80 милиони евра. Но, раководството на Атлетико Мадрид реагираше експресно и на својот играч за врска му понуди нов договор, со кој го обврза да остане во клубот уште долги девет години.

„Атлетико Мадрид е моето семејство и тука се чувствувам прекрасно. Не ме интересираат други понуди и други клубови. Среќен сум што го продолжив договорот и ќе играм во дресот на Атлетико Мадрид и во наредните години“, изјави Саул Нигез.

Се вчитува...