Саул: Се чувствував како Де Хеа во 2015 година

Челси на последниот ден од преодниот рок во своите редови успеа да го доведе Саул Нигез од редовите на Атлетико Мадрид за позајмица од 5 милиони евра со опција за откукување на договорот на крајот на сезоната за 35 милиони евра.

Овој трансфер беше неизвесен се до последните минути, а по реализирање на истиот интересна беше изјавата на Шпанецот кој целата ситуација ја спореди со драмата на Давид де Хеа кој во летото 2015 години беше блиску до премин во Реал Мадрид.

„Беше 23:57 кога ја завршивме ревизијата на комплетниот трансфер, а потоа истото мораа и тие да го сторат. Бев како Де Хеа, помислив во себе: Ова нема да помине и тоа е тоа. Тоа беше долго попладне и долга ноќ. Мојата сопруга беше многу нервозна, имавме неколку многу тешки денови бидејќи оваа одлука не беше лесна. Заминувањето од дома во нова авантура е комплицирано. Пред два дена и кажав на мојата сопруга дена остануваме“, изјави Саул кој потоа додаде.

„Отсекогаш се чувствував добро во тимот. Единствено нешто поради што имав потешкотии беше тоа што не играв на мојата позиција. Не можев да го прифатам тоа во главата. Челси ми вети дека играм на својата позиција. Враќањето на мојата стара улога беше најголемата причина поради која решив да заминам“

Се вчитува...