Саул Нигез веќе две години се наоѓа на листата желби на Челси, Манчестер јунајтед и Барселона, а по извонредните настапи на овој фудбалер на ЕП за млади во Полска интересот станува уште поинтензивен. И додека медиумите шпекулираат со понуди од 80 милиони евра, младиот играч за врска е дециден на ставот дека нема намера да си замине до Атлетико.
„Играм добро за репрезентацијата и секако дека сум среќен, но тоа не менува ништо околу моите планови за иднината. Не размислувам за менување на тимските бои, не гледам зошто би си одел кога играм за Атлетико, клубот што го сакам. Сите мои планови за иднината се поврзани за оваа екипа“ – дециден е на оваа тема Саул Нигез, ставајќи крај на сите шпекулации поврзани со неговата иднина.
Нигез моментно е прв стрелец на ЕП за млади во Полска со пет постигнати погодоци, откако со хет-трик и ја донесе на „црвената фурија“ победата во полуфиналната пресметка со Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА