Саутемптон го отпушти Марк Хјуз

Марк Хјуз повеќе не е менаџер на Саутемптон откако управата на англискиот премиерлигаш реши да ја прекине соработката со овој стратег по само осум месеци на кормилото на „светците“. Саутемптон во минатото коло ремизираше 2-2 против Манчестер јунајтед, но ниту овој резултат не го спаси Хјуз од отказ поради слабата форма на тимот во изминатиот период.

Му благодариме на Марк Хјуз за досегашната работа, но донесена е одлука во идните натпревари да тргнеме со нов тренер. Потрагата по негов наследник е веќе стартувана“ – соопштија од управата на Саутемптон.

Хјуз стана прв тренер во историјата на Премиер-лигата што во иста календарска година добил откази од два различни клубови, откако во јануари беше отпуштен и од Стоук. На вкупно 22 премиерлигашки средби како стратег на Саутемптон тој забележа само три победи. „Светците“ моментно се наоѓаат на 18. место на табелата, а во следното коло ги очекува гостување против екипата на Тотенхем.

Се вчитува...