Саутемптон го расипа јубилејот на Хари Кејн

Резултатската криза на Тотенхем во Премиер-лигата продолжи и ова коло, откако лондонскиот клуб загуби со 2-1 на гостувањето против Саутемптон. Хари Кејн постигна гол за водство на асистенција на Деле Али, јубилеен 200. погодок во кариерата на англискиот репрезентативец.

И кога се очекуваше гостите од Лондон да ја задржат предноста, домаќините во рок од пет минути направија целосен пресврт. Најпрвин целата одбрана на Тотенхем заспа, а Валери погоди за 1-1, пред Ворд-Прауз со евро-гол од слободен удар да донесе огромна радост на навивачите на Саутемптон.

Фантастичен пресврт направи и Њукасл, кој се врати од негатива од 0-2 и го совлада Евертон со 3-2 со головите на Рондон и Перез (два).

Брендан Роџерс се израдува на првата победа како менаџер на Лестер, славејќи со 3-1 над „фенерџијата“ Фулам.

Резултати Англија:

Кристал Палас – Брајтон 1-2, Кардиф – Вест хем 2-0, Лестер – Фулам 3-1, Хадерсфилд – Бурнемаут 0-2, Њукасл – Евертон 3-2, Саутемптон – Тотенхем 2-1.

Се вчитува...