Саутемптон издржа на „Стемфорд бриџ“

Челси не успеа да ја продолжи победничката низа и одигра реми без голови на „Стемфорд бриџ“ против Саутемптон. Тимот на Маурицио Сари не беше убедлив, а иако Алваро Мората пронајде пат до мрежата, сепак, погодокот во 70.минута не беше признат поради офсајд позиција на шпанскиот интернационалец. По ова, Челси се наоѓа на четвртата позиција на табелата во Премиер – лигата со 44 бода.

Барнли славеше триумф на гости кај Хадерсфилд со 1-2, а гостинска победа (0-2) оствари и Кристал Палас против Вулверхемптон.  Вест хем и Брајтон ремизираа, 2-2.

Резултати Англија: Челси – Саутемптон 0-0, Хадерсфилд – Барнли 1-2, Вест хем – Брајтон 2-2, Вулверхемптон – Кристал Палас 0-2

Се вчитува...