Саутемптон ја прекина серијата порази со триумф над шампионот Лестер

Фудбалерите на Саутемптон ја прекинаа непријатната серија од четири последователни порази во Премиер – лигата со убедлив триумф (3-0) над шамионот Лестер. Избраниците на Кладио Раниери оваа сезона не играат ниту од далеку како минатата, па Саутемптон лесно успеа да го скрши нивниот отпор.

Џејми Ворд-Проус го отвори резултатот во 26.минута, а Џеј Родригез пред крајот на вториот дел го зголеми водството на 2-0. Пред самиот крај на мечот, Душан Тадиќ од пенал го постави конечниот резултат, 3-0 за Саутемптон.

Southampton vs Leicester City 3-0 Highlights… by Postavkam

Се вчитува...