Саутгејт нема дилема: Хари Мегваер е играч за големи мечеви

Англискиот селектор Герет Саутгејт без размислување истакна дека има огромна доверба во капитенот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер.

Герет потенцираше дека Хари е играч за „највисоко ниво“ и покрај критиките кои ги трпи за настапите за „ѓаволите“.

„Тој не однесе до полуфинале од Светското првенство и до финале на Европското првенство, така што нема сомнеж дека е способен да игра на највисоко можно ниво. Беше одличен за нас минатата есен. Манчестер јунајтед се во тежок момент, поради повеќе причини, но тоа не значи дека фудбалер може да игра лошо неколку години и да најде место во репрезентацијата. Имаме некои напаѓачи кои не се во добра форма, но за нив има замена, за Мегваер нема. Знам дека ќе има критичари и дека секој има право на свое мислење, но јас ги бирам најдобрите играчи кои играат на највисоко ниво“, вели Саутгејт.

Се вчитува...