Саутгејт од Скопје: За Македонија ова ќе биде одбрана на гордоста после мечот во Манчестер

Англичаните пристигнаа во Скопје, а нивниот селектор Герет Саутгејт одржа прес-конференција на која ги искажа своите очекувања од утрешнито натпревар против Македонија.

Саутгејт кажа дека неговта репрезентација има решенија за отсуството на Трипие, кој во последен миг го откажа патувањето во Скопје и нема да биде достапен на дуелот со Македонија.

„Ние во одбраната имаме неколу решенија за Трипие. Нема да биде некој стандарден, но тој играч е тука со нас веќе некое време и ќе ја покриеме таа позиција“, изјави Саутгејт, кој најави дека ќе има промена во формацијата на Англија, поради повредата на десниот бек на Англија.

„Ќе има промена во формацијата поради недостигот на Трипие, но ќе мора да се прилагодиме. Ќе има промена, но ние сме комфорни и верувам дека ќе одиграме повторно на ниво“, вели Саутгејт кој потврди дека Боувен нема да биде дел од селекцијата поради тоа што не го издржал последниот тренинг пред патувањето за Македонија.

Саутгејт кажа дека очекува добар меч и полн стадион и дека за Македонија ова ќе биде натпревар во кој ќе се обиде да ја одбрани гордоста, по катастрофалниот пораз во Манчестер.

„Во петокот имавме меч во кој бевме на ниво и сега фокусот е на утрешниот меч. За Македонија ова е меч за одбрана на гордоста, по сето она кое се случи во Манчестер. Очекувам добар меч и добра атмосфера бидејќи очекувам полн стадион во Скопје“, изјави селекторот на Англија.

Предводникот на англискиот национален тим истакна незадоволство од нивото на игра против Малта, и посакува подобра игра утре во Скопје.

„Сакам да го подигнеме нивото на нашата игра, бидејќи против Малта не бевме на ниво. Очекувам да одиграме далеку поквалитетно од мечот од пред три дена“, заврши Саутгејт на прес-конференцијата на Националната Арена „Тодор Проески“.

Се вчитува...