Герет Саутгејт ќе продолжи да ја води Англија до СП 2022 во Катар, откако овој стручњак потпиша нов договор со ФА, продолжувајќи го актуелниот за дополнителни две години.
Стариот договор на Саутгејт истекуваше во 2020 година, но по добриот резултат на Англија на СП во Русија и пласманот во полуфиналето, овој стратег доби целосна поддршка од англиската јавност. За да се осигураат од евентуална офанзива на некој од англиските премиерлигаши, челниците на ФА експресно седнаа на маса со кормиларот на националниот тим договарајќи ги деталите за продолжување на соработката.
Саутгејт во следните четири години ќе има загарантирана плата од три милиони фунти, плус дополнителни бонуси во зависност од резултатите на ЕП 2020 и на СП 2022.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА