Саутгејт: Според мене, тоа не беше пенал за Македонија

Селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт по мечот кажа дека неговата селекција играла добар меч, а го коментираше и пеналот.

Саутгејт смета дека пеналот по кој Македонија дојде до предност бил досуден престрого, и покрај тоа што судијата доби повик од ВАР собата.

„Игравме добро, целосно ја контролиравме играта, но теренот не беше добар за тоа завршно додавање. Јас мислам дека не беше пенал. Повеќе пенал беше првата ситуација отколку втората. Но не би сакал да коментирам повеќе“, вели Саутгејт.

Селекторот на Англија го коментираше и теренот.

„Тврд беше теренот иако е нов, и се гледаше дека имаше проблеми при додавањето и контролата на топката“, кажа Саутгејт.

Предводникот на англискиот национален тим смета дека Англиај се движи во добра насока и покрај нерешениот резултат.

„Задоволен сум од овие квалификации со осум победи и две ремија. Околу формата сметам дека ќе ја подобрите пред ЕП, нештата се движат во добра насока и задоволни сме“, истакна Саутгејт.

Се вчитува...