Савевски ја буди женската репрезентација од долгиот сон (фотогалерија)

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за двомечот со Црна Гора, кој воедно ќе претставува и камбек на Љубомир Савевски на чело на сениорската репрезентација на „црвено-жолтите“.

Потпросечните резултати од последните години беа причина за коренити промени на една година пред почетокот на ЕП на кое Македонија ќе биде учесник како една од домашните селекции, а Савевски со добрите резултати како предводник на младите селекции во текот на летово ја доби довербата на федерацијата за да застане на чело и на сениорскиот национален тим.

Новата енергија во таборот на репрезентацијата е очиледна од првиот ден на овие подготовки, а самиот Савевски е свесен дека пред него е сериозен предизвик – да состави селекција што ќе може да се носи со најдобрите од „Стариот континент“.

Првиот чекор на тој пат ќе бидат дуелите со Црна Гора, на кои ќе селекторот ќе ги види на дело ракометарки, а по таа почетна слика ќе почнат и корекциите во играта за напредок до ЕП 2022.

Се вчитува...