Савичевиќ: „Маракана“ ќе го изеде Наполи ако не даде брз гол

Белград е на нозе, Црвена звезда за првпат е дел од групната фаза од Лигата на шампионите, а веќе во првото коло во српскиот главен град пристигнува Наполи. Јасно е дека гостите од Неапол ќе ја имаат улогата на фаворити, но поранешниот ас на „црвено-белите“, Дејан Савичевиќ, смета дека српскиот првак има шанси, доколку не прими гол во раната фаза од натпреварот.

„Знаеме дека квалитативно Наполи е подобар, но да не ја заборавиме публиката, која ќе биде дванаесетти играч на Црвена звезда. Домаќините ќе имаат неверојатна поддршка и многу е важно како ќе се отвори натпреварот. „Маракана“ може да го „изеде“ Наполи ако не даде брз гол, бидејќи потоа ќе расте притисокот врз гостите кои ќе мора да победат, а тоа нема да биде нималку лесно при една фанатична атмосфера. Црвена звезда ќе игра во еуфорија, доколку Наполи рано не го запре тоа ќе се соочи со големи проблеми“ – истакнува Савичевиќ.

Се вчитува...