Савидис три години надвор од фудбалот, ПАОК со минус бодови и оваа и наредната сезона

Грчката Фудбалска Федерација очекувано се реши за драконски казни за ПАОК, поради инцидентите што се случија за време на големото дерби со АЕК. Овој дуел беше регистриран со службена победа на АЕК со 0-3, со што тимот од Атина се наоѓа на чекор до титулата бидејќи веќе има предност од седум бода во однос на Олимпијакос, дури 11 повеќе пред ПАОК.

Екипата на ПАОК покрај службено загубениот натпревар е казнета и со губење на дополнителни три бода, но и уште „минус два“ бода со кои ПАОК ќе ја стартува наредната сезона. Покрај тоа, клубот е казнет со 63.000 евра и ќе мора следните три домашни средби да ги игра без присуство на публика.

Првиот човек на тимот од Солун, Иван Газидис, е казнет со тригодишна суспензија од фудбалските стадиони ширум Грција, откако влета со пиштол на теренот пред самиот крај од дербито со АЕК. Покрај тоа, газдата на ПАОК ќе плати и парична казна од 100.000 евра. Казна му е изречена и на директорот на клубот, Лубош Мичел, кој поради упадот на терен ќе плати 15.000 евра и ќе биде суспендиран во следните 90 дена.

Се вчитува...