Одбојкарската репрезентација на Македонија со пораз од 3:0 во сетови (25:17,25:19, 25:18) е поразена од Бугарија на отворањето на Европското првенство кое се игра во Финска, Италија, Романија и Бугарија.
Иако избраниците на селекторот Јошко Миленкоски прикажаа добра игра во трите сета, на крајот светскиот вицешампион во речиси идентично сценарио во трите сета, ја оправда фаворитската улога и славеше.
По мечот свое видување имаше средниот блокер Филип Савовски…
„Со оглед на тоа дека игравме против светскиот вицешампион и тоа во Софија, пред полна сала, мислам дека дадовме солиден отпор. Имавме наши моменти, имавме и добри и лоши моменти. Имаше моменти кога не можевме да го смириме нивниот сервис и мислам дека тоа беше клучниот фактор што не можевме да избориме некој сет. Сепак, морам да кажам дека бевме доста добри во блок и во напад, особено ако се знае дека Бугарите имаат доста висок блок. Кога сè ќе се собере, мислам дека тоа беше добар натпревар и добар почеток. Сега се осврнуваме на следниот противник и се надеваме на подобар резултат против Украина“, изјави Савовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
