Обојкарската репрезентација на Македонија со победа го заврши настапот на Европското првенство.
Одбојкарите беа дел од групата Б која се играше во арената „8888“ во Софија и по четири порази во првите четири кола, денеска во меч од последното петто коло го совлада Израел со 3:0 во сетови и тоа со 25:21,25:23,25:22.
Одбојкарите се задоволни од победата и што прикажаа игра каква што се очекуваше од нив и во претходните дуелите.
„Среќни и задоволни сме за победата и поради тоа што покажавме како можеме да ја играме нашата игра. Го завршивме настапот на ЕП со добра игра. Македонските навивачи беа бучни и можевме да ја почувствуваме нивната енергија. Навивачите дефинитивно ни помогнаа многу за да дојдеме до победата“, изјави Филип Савовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
