Се чека Ѓоковиќ, Медведев најави настап на Австралија Опен

Во моментов вториот тенисер во светот Данил Медведев навести дека ќе игра на Австралија опен на почетокот на следната година. За разлика од него, шпекулациите за настапот на Новак Ѓоковиќ се уште траат.

Медведев, кој беше поразен од Србинот во минатогодишното финале во февруари, на „Твитер“ објави слика токму од тоа финале со зборовите: „Се гледаме во јануари“.

Медведев уште во октомври одби да открие дали ќе игра во Мелбурн, каде властите поставија строги критериуми за влез во земјата на невакцинираните тенисери. Русинот тогаш тврдеше дека е негова приватна работа дали е вакциниран или не.

Се вчитува...