Случајот за натпреварот меѓу Кожуф и Башкими, кој ја разбуди спортската јавноста поради сериозните индиции за местенка, е веќе пред почеток на судска постапка.
Дури потоа, по една судска одлука, ФФМ ќе може да дејствува преку своите правилници со соодветни казни, информираше претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на денешната средба со медиумите.
„За сите сомнителни натпревари ние добиваме дописи од УЕФА, никогаш не дејствуваме самоиницијативно, затоа што немаме и ресурси за самостојни истраги. Затоа, по секој сомнителен натпревар добиваме допис од УЕФА со прецизно изнесени податоци за нарушен интегритетот. Ние потоа ги информираме надлежните, односно испраќаме допис до МВР, а надлежните државни институции го преземаат случајот“ – истакна Омерагиќ, веднаш дополнувајќи:
„За случајот Башкими процедурата е дојдена до суд, со имиња и презимиња на официјални лица, тренери играчи. Обвинителството ги гони по член 253, став 4, за неовластено примање на подароци. Ниту УЕФА, ниту ФФМ не е суд. Ние можеме да дејствуваме по судска пресуда. Ги суспендиравме лицата кои признаа што направиле. Меѓутоа, за да преземеме мерки против било кој клуб, ние мора да добиеме правосилна судска пресуда. Се додека не добиеме пресуда за било кој клуб, нема да исклучиме ниту еден наш клуб“, рече првиот човек на ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
