Се чека само потпис: Хезоња се сели во Дубаи

Марио Хезоња ќе ја доврши сезонава како член на Реал Мадрид, но хрватскиот крилен кошаркар потоа ќе се пресели во редовите на Дубаи потпишувајќи тригодишен договор со овој амбициозен кошаркарски колектив.

Хрватот минатото лето потпиша долгогодишен договор со Реал Мадрид за плата од 2,5 милиони евра, но Дубаи е подготвен да му даде плата од три милиони евра од сезона, плус богати бонуси, но и улога на лидер во тимот, нешто што не е случај со шпанските „кралеви“.

Хезоња веќе ја прифатил понудата и за тоа ги известил челниците на Реал Maдрид, а за комплетирање на трансферот се чека само да дојде до договор меѓу клубовите. „Кралевите“ бараат отштета од над 1,5 милиони евра, Дубаи ќе се обиде да ја намали оваа сума, но кај двете страни постои оптимизам за постигнување на конечен договор во текот на следниот месец.

Се вчитува...