Се е договорено: Барса купува уште еден ас на Кјелце

Барселона минатото лето го доведе во своите редови Лука Циндриќ од Кјелце, а веќе е подготвен уште еден мегатрансфер на каталонскиот гигант од таборот на актуелниот првак на Полска. Станува збор за Блаж Јанц, одличното десно крило на Кјелце, кое по завршувањето на сезонава кариерата ќе ја продолжи во дресот на Барселона.

Каталонците извесно време се интересираа за Словенецот, кој се наоѓаше на листата со желби на уште неколку европски гиганти, но интензивните преговори во последните седмици конечно вродиле со плод. Весникот „Ел Мундо Депортиво“ тврди дека е постигнат целосен договор, а останува само уште да се средат одредени формалности пред истиот да биде официјализиран.

За разлика од Циндриќ, за чии услуги беше платена отштета од над еден милион евра, Јанц ќе пристигне во Барселона како слободен играч, бидејќи неговиот договор со Кјелце истекува во јуни 2020 година.

Се вчитува...