Се е договорено: Малком доаѓа на „Камп ноу“

Бразилецот Малком и дефинитивно ќе ја засили Барселона, во следните 24 часа потпишувајќи договор со каталонскиот гигант и засилувајќи ја офанзивната линија на овој клуб. Малком беше на чекор до Рома, но ситуацијата се искомпликува откако Барса влезе во трката за неговиот потпис, каталонците понудија повисока отштета отколку „волчицата“ и експресно се договорија со раководството на Бордо.

Францускиот клуб ќе заработи 40 милиони евра, плус дополнителни два милиони преку две различни клаузули (за разлика од понудата на Рома, во висина од 32,5 милиони евра), па јасно е зошто Бордо го блокираше трансферот на Малком на „Олимпико“, инсистирајќи тој да се пресели на “Камп ноу“.

Агентите на фудбалерот утрово пристигнаа во Барселона и ги договорија личните услови, по што веќе нема никакви пречки за трансферот по лекарсските прегледи да биде комплетиран.

Се вчитува...