Се е договорено: Столе Димитриевски потпишува за Вилјареал

Столе Димитриевски брани во извонредна форма во дресот на Рајо Валјекано сезонава, но македонскиот репрезентативец сериозно размислува и за следниот чекор во кариерата, ако се знае дека договорот му истекува во јуни 2024, а сериозен интерес за Македонецот покажуваат екипи со далеку поголема финансиска моќ од Рајо. Последните информации од Шпанија говорат дека Димитриевски веќе постигнал начелен договор за летен трансфер, и тоа во редовите на Вилјареал.

Според овие извори, челниците на Рајо Валјекано веќе извесно време биле загрижени поради одолговлекувањето во преговорите со Димитриевски, свесни дека останатите клубови можат да му понудат повисока плата на нашиот репрезентативен голман. Последната рунда преговори завршиле неуспешно, а на челниците на Рајо им станало јасно дека Димитриевски има „дил“ со друг клуб, конкретно со Вилјарал.

„Жолтата подморница“ веќе подолго време го следи Димитриевски, овој клуб беше најавен како еден од најконкретните заедно со Севилја во трката по Македонецот, а според последните информации веќе е постигнат и договор со нашиот чувар на мрежата.

Димитриевски ќе дојде како замена за Јоргенсен, кој одбива да потпише нов договор со Вилјареал. Шведскиот голман е поврзуван со трансфер во Астон Вила, а доколку овој трансфер се реализира во јануари, Вилјареал ќе почне преговори со Рајо за веќе на почетокот од 2024 година да го потпише Димитриевски, за минимална отштета од најмногу два милиони евра.

Се вчитува...