Се е договoрено: Барди „летна“ кон Трабзон, медицински прегледи па потпис

Денеска попладне во 14:30 часот по локално време, Енис Барди ќе „слета“ во Трабзон, каде што ќе ги мине лекарските прегледи и ќе потпише договор со турскиот шампион Трабзонспор.

Веќе е јасно дека трансферот во Турција е готова работа, и дека македонскиот репрезентативец ќе биде нов член на Трабзонспор. Турците, особено навивачите на Трабзон со нетрпение го чекаат Македонецот да потпише договор со новиот првак, кој ќе има можност да игра во групната фаза во Лигата на шампионите доколку го мине Копенхаген.

Барди беше поврзуван со многу клубови летово. Од МЛС Лигата во САД, до Брентфорд, Торино, Елче, на крајот ќе заврши во турскиот шампионат, каде што пред неколку дена се пресели Езџјан Алиоски. Алиоски, пак, цело време беше поврзуван со Трабзон, за на крај да потпише со Фенербахче.

Во турскиот шампионат настапуваат уште и Јован Манев и Арда Куртулан (Аданаспор) и Валон Етеми во Истанбулспор.

Се вчитува...