Се е подготвено за АТП Челинџерот „Macedonian Open 2025″

Скопје и оваа година домаќин на светски тенис – се е подготвено за почетокот на престижниот ATP CHALLENGER MACEDONIAN OPEN 2025 турнир!

Во период од 18 до 24 мај на терените на Тенискиот клуб Југ во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи ATP CHALLENGER MACEDONIAN OPEN 2025 турнир со награден фонд од 100.000 американски долари, најголем досега воопшто одржан во Македонија.

На турнирот во „главниот ждреб“ ќе играат 32 играчи – 21 директен учесник, 3 вајлд карта, 6 квалификанти и 2 посебен исклучок (special exempt). Во квалификациите ќе настапат 24 играчи – 20 директни учесници и 4 вајлд карти. Во конкуренција на двојки ќе настапат 16 пара од кои 2 пара ќе бидат со вајлд карта. Учество ќе земат и нашите најдобри тенисери.

Мечевите ќе се играат на три терени на комплексот на ТК Југ (централен терен, терен бр.5, терен бр.6 и терен бр.8)

Почетокот на дневните програми од 18 до 21.мај ќе бидат во 10.30 часот, од 11 часот е почетокот на мечевите на 22, 23 и 24 мај, додека финалниот ден почетокот на програмата дополнително ќе биде одреден.

Супервизор на турнирот е Хорхе Мандл од Аргентина, додека македонски судии кои ќе бидат дел од турнирот се Зоран Поповски и Анета Павловска – судии на стол.

Се вчитува...