Се е подготвено за „кралскиот“ камп во Охрид

Уште пет дена до стартот на вториот фудбалски камп на најтрофејниот европски клуб во Охрид. Се е подготвено за успешна реализација на кампот на Real Madrid Fundación Campus Experience. Како што најавува организаторот Влатко Тодев, направени се сите неопходни подготовки за успешно одвивање на кампот. Учесниците веќе заминуваат на медицинско – специјалистички прегледи во клиниката „Неуромедика“.

„Лекарскиот тим активно работи на секое дете да му се обезбедат сите потребни прегледи и медицинска грижа од самиот почеток, па се до завршување на кампот“, информира Влатко Тодев, носителот на лиценцата за организација на кампот Real Madrid Fundación Campus Experience. 

Пристигна и спортската опрема која ќе ја добие секој учесник на кампот. Стартот е означен за 14.јануари, а пријавувањето може да се изврши до петок. Останати се уште неколку места. Регистрација и целосната програма на следниот линк https://campusexperiencermf.com/mk/македонија
Телефон за контакт +389 71 21 91 91; +389 78 462-622 Viber

Се вчитува...