Се е подготвено за полуфинале – Сити, ПСЖ, Реал и Челси … Само за два тима има место во Истанбул

Манчестер Сити – Пари Сен Жермен и Реал Мадрид – Челси се полуфиналните двојки во Лигата на шампионите. Манчестер Сити и Пари Сен Жермен се во трка по првата титула во елитата, Челси ќе ја брка својата втора, додека Реал Мадрид рекордната 14.

Првите полуфинални мечеви се закажани за 27. и 28. април, додека реваншите ќе се одиграат една седмица подоцна. Финалето во Истанбул е закажано за 29. мај.

 

Се вчитува...