Ријека и Хајдук денеска од 19 часот на „Пољуд“ ќе си ги одмерат силите во Купот на Хрватска, а во Сплит се е подготвено за спектакл. Денеска улиците на градот се полни со навивачи на двата клуба, а дел од гостите стигнаа со брод и направија вистинско шоу.
Натпреварот е од големо значење за двата тима со оглед на тоа што победникот ќе избори место во третата квалификациска рунда од Конференциската лига, а поразениот ќе мора европската есен да ја започне од втората рунда.
Куп завршницата нема да помине и без Македонец со оглед на тоа што боите на Ријека ги брани Дарко Велковски. Фотографии од пристигнувањето на навивачите и улиците на Сплит може да најдете ТУКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА