Се е подготвено за Светското училишно првенство во ракомет – ИФС, чиј домаќин е нашиот главен град Скопје. Овој голем спортски настан официјално ќе стартува со денешното свечено отворање кое ќе се одржи на „Плоштад Македонија“ со почеток во 19:30 часот.
Вкупно 20 делегации од целиот свет во претходни два дена пристигнаа во нашиот главен град, сите со нетрпение го очекуваат стартот на Мундијалот.
Македонија на Светското училишно првенство во ракомет ќе ја претставуваат кадетските селекции во машка и женска конкуренција.
Кадетската машка репрезентација на Македонија, предводена од селекторот Горан Кузманоски ќе игра во групата А заедно со Република Српска, Грузија, Бугарија и Саудиска Арабија.
- Според системот за натпреварување првопласираните репрезентации од четирите групи ќе се пласираат во полуфинале.
Кадетите ќе играат во салата „Македонско Сонце“.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
22.04.2026 (10:30 часот) Македонија – Бугарија,
23.04.2026 (08:30 часот) Грузија – Македонија
24.04.2026 (10:30 часот) Република Српска – Македонија
26.04.2026 (12:30 часот) С.Арабија – Македонија
Кадетската женска репрезентација на Македонија, предводена од селектор, Даниела Новеска Вељаноска ќе игра во групата Ц заедно со Белгија, Грузија и Словачка.
- Според системот на натпреварување првите две репрезентации од четирите групи ќе обезбедат место во четвртфинале.
Кадетките ќе играа во салата „Крсте Мисирков“ – Гази Баба.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
22.04.2026 (10:30 часот) Белгија – Македонија
23.04.2026 (10:30 часот) Грузија – Македонија
24.04.2026 (10:30 часот) Македонија – Словачка
Светското училишно првенство во ракомет е прв голем настан кој се одржува во нашата држава. Истиот е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а под покровителство на Министерството за Спорт.

Комплетниот распоред и систем за натпреварување може да го погледнете на следниот ЛИНК
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
