Се е спремно за војна: Македонците ќе гризат, штипат, гребат уште од првата минута

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Македонија и Австрија ќе ги одмерат силите во пресметка што претставува „да се биде или не“, па јасно е дека средбата ќе изобилуба со жестоки дуели. Австријците најавуваат дека се подготвени за битката, па дури и за „невообичаени методи“ од страна на македонските ракометари.

„Тие од самиот почеток ќе трчаат, ќе гризат, ќе штипат и ќе гребат. Мораме да направиме нешто за што поскоро да запрат, да ги исфрлиме од ритам. Сепак, Македонците се постари, ние сме помлади и полни со енергија, верувам дека тоа ќе придонесе мечот да заврши во наша полза“, изјави пивотот Тобијас Вагнер.

Тој е дополнително возбуден што мечот ќе се игра пред полни трибини, пред две бројни навивачки групи.

„Сите играме ракомет за еден ваков меч, двете селекции да имаат силна поддршка од трибините. Ќе ни дадат дополнителна енергија во битката и верувам дека сите ќе уживаат во квалитетен ракомет“, истакна Вагнер.

Се вчитува...