Се е во ред со Пандев, ќе игра викендов против Лацио

Повредата што Горан Пандев ја заработи на минатонеделниот дуел со Болоња не е од посериозен карактер, па македонскиот ас би можел експресно да се врати на терените, без да пропушти ниту еден натпревар на својот тим.

Деталните лекарски прегледи покажале дека по ударот во пределот на коленото немало никакви последици, па Пандев веќе почнал да тренира со остатокот од екипата. Информациите од Џенова говорат дека лекарите се оптимисти, Македонецот ќе биде стопроцентно подготвен за неделниот дуел со неговиот поранешен клуб Лацио.

За разлика од Пандев, Шоне и Ромеро се уште се повредени и нема да можат да настапат за Џенова на дуелот со „лацијалите“.

Се вчитува...