Се е во знакот на „тројката“ во Рига… Селекторско „33“, сакаме бодови – три!

ЕКИПА во Летонија,

Никола Ѓуровски

Ајде во „тројки“, кон мене, и во полн спринт…Така Иван Јовановски Карас, кондицискиот тренер во стручниот штаб на Игор Ангеловски ги „истра чесно“ македонските фудбалери на последниот тренинг во пресрет на денешниот дуел со Летонија.

„Тројката“ некако се провлекува како заштитен знак на овој меч. За селекторот Игор Ангеловски ова ќе биде 33. натпревар на кормилото на македонскиот национален ти. Досега има 13 победи, 7 ремија и 12 порази. Убаво би било да придодаде уште еден триумф на салдото, токму вечерва на стадионот „Даугава“.

„Тројката“ секако најмногу асоцира на трите бода што Македонија ги посакува од дуелот со Летонија. Во Скопје им дадовме три гола, најавите се дека и вечерва ќе играме офанзивно, најверојатно со тројца офанзивци. Тричковски и Трајковски по крилните позиции, многу веројатно и Несторовски како централен напаѓач, доколку Елиф Елмас не може да биде стартер. Се чувствува подобро по вчерашната повреда на скочниот зглоб, но одлуката ќе биде донесена непосредно пред натшреварот, во консултација меѓу лекарскиот тим, селекторот и фудбалерот. Капитенот Горан Пандев и овојпат ќе стартува од клупата за резерви, а ќе добие минутажа во вториот дел, со оглед на повредата на слабините.

Се вчитува...