Се фалеше дека ќе го победи Џордан „еден на еден“, па му дојде „пензионерот“…

Мајкл Џордан ја заврши кариерата по освоената шеста титула на крајот од сезоната 1997/98, по што Чикаго Булс никогаш не успеа да си го врати победничкиот идентитет.

Еден од оние кошаркари кои многу ветуваа беше Кори Бенџамин, дебитантот кој беше дел од губитничката сезона на „биковите“ кога овој тим имаше скор од 13 победи и 37 порази, но сепак храбро изјавуваше дека тој во секое време би го победил Мајкл Џордан „еден на еден“. Во тоа време во Чикаго се уште играа поранешни соиграчи на легендарната „23-ка“, како Ренди Браун и Рон Харпер, кои ги пренеле зборовите на самобендисаниот дебитант, кој само го налутил Џордан.

Пред еден натпревар на Чикаго во Атланта, Мајкл Џордан како „кошаркарски пензионер“ се појавил во соблекувалната на својот поранешен клуб.

„Тој влезе внатре и само ми кажа дека ќе дојде на тренинг на Чикаго за да ми даде шанса да го победам. Се вративме, дојдовме на првиот тренинг, а тој ме чекаше…. Не можам да опишам какво беше чувството да одиграм „еден на еден“ против својот кошаркарски идол. Резултатот гласеше 11-9, многумина лажеа дека беше 11-0 или 11-0, но конечниот резултат беше 11-9 за Мајкл. Тој многу рано поведе со 7-0, никогаш немав видено некој да игра на такво ниво, иако веќе не се занимаваше активно со кошарка“, се присетува Кори Бенџамин.

Се вчитува...