Медиумите најавуваат дека убедлив пораз во дербито со Ливерпул по репрезентативната пауза би можел да означи крај на ерата на Рубен Аморим во Манчестер јунајтед, но тоа очигледно нема да се случи откако првиот човек на клубот, Сер Џим Ратклиф, објави дека воопшто не размислува за тренерска смена.
Португалецот е речиси цела година во клубот и воопшто не ги донесе посакуваните резултати, но Ратклиф е решен да му даде дополнително време да ги оствари зацртаните цели.
„Се сеќавате ли на повиците Алекс Фергусон да добие отказ во неговите први две сезони во Манчестер, кога резултатите не беа добри. Видете го Артета во Арсенал, имаше мизерен учинок во првите години, но го задржаа и сега се е поинаку. Ние на крајот сме водени од резултатите, но истот ака и мораме да бидеме трпеливи за да дојдеме до фаза кога ќе бараме резултати. Мислам дека имаме многу добри работи во Јунајтед, повеќе од она што се гледа со голо око… Ние го доведовме Аморим како предводник на еден долгороче проект. Ништо не се случува преку ноќ, Рубен мора во текот на три години да покаже дека е одличен тренер“, порача Ретклиф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

