Се јави и Гетлин: И јас сум во шок, не користам допинг

Нов скандал ја тресе атлетиката откако тренерот на Џастин Гетлин, Денис Мичел, е фатен со докази како нуди допинг-средства за подобри резултати. Со ова се фрла нова дамка врз светскиот првак Гетлин, кој претходно два пати беше суспендиран за допинг-скандали, но Американецот тврди дека воопшто не е запознаен со дејствијата на војот тренер.

И јас самиот сум во шок. Како што веќе знаете, веднаш по обелоденувањето на скандалот јас ја прекинав соработката со Денис Мичел, нема да дозволам некој да лаже и да ми става дамки врз резултатите. Јас не користам забранети супстанци за да ги подобрам своите резултати. Отсега работите се во рацете на моите адвокати и повеќе нема да коментирам на оваа тема“ – порача Гетлин преку соопштение до јавноста.

Без оглед на ваквиот потег на светскиот шампион, Атлетската Федерација најави истрага во која ќе биде вклучен и самиот Гетлин, за да се утврди дали бил на било каков начин поврзан со новиот скандал.

Се вчитува...