Се јави и големиот газда на ПСЖ: Ајде смени го Меси уште еднаш ако смееш…

Повлекувањето на Лео Меси од игра на дуелот меѓу ПСЖ и Лион се уште е главна тема на европската фудбалска јавност, откако аргентинскиот генијалец јасно покажа дека не му е сеедно што Покетино реши да го замени во период кога ПСЖ бркаше победа.

Во дискусијата се вклучи и Калид Хамад бин Калифа Ал-Тани, човекот кој важи за еден од лавните во функционирањето на францускиот гигант, заедно со сопственикот Тамим бин Хамад ал Тани и претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи.

Тој објави фотографија на Покетино со порака: Лондон е преубав град, го знаеш тоа… што од јавноста е оценето како закана дека Аргентинецот ќе мора да се врати онаму од каде што дојде во Париз, доколку не го слуша семејството Ал-Тани.

Сега ќе биде интересно да се види дали Покетино ќе има храброст да го замени Меси на некој од наредните мечеви, но јасно е дека со ваквата порака на газдите Аргентинецот веднаш го добива и статусот на „недопирлив“ во Париз што го имаше долги години и во Барселона.

Се вчитува...