Неколку дена откако неговиот татко јавно го повика Конор Мекгрегор да дојде да го посети Дагестан, свој коментар на оваа тема упати и Хабиб Нурмагомедов. Новиот шампион на УФЦ би сакал да ги остави зад себе недоразбирањата со Ирецот, па посочи дека одлично би го дочекал големиот ривал од октагонот во својата татковина.
„Ако Конор дојде во Дагестан… мораме да ги дочекаме гостите, тоа е светост за нас, една од работите по кои нашата земја е позната. Секако, би му дал да јаде, нашите гости никогаш не се гладни. Сите се сити и облечени“ – истакна Нурмагомедов.
Тој не ја пропушти и можноста да го „боцне“ ирскиот ривал.
„Ако дојде нема да зажали, има што да види во Дагестан. Можеби ќе му ја покажеме и салата за борење, да научи како треба, зошто очигледно Конор не знае да се бори“ – се пошегува Хабиб на сметка на Мекгрегор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА