Се јави и Колина за голот на Црвена звезда: Ако јас судев, ќе …

Голот на Црвена звезда за израмнување на вечното дерби со Партизан е актуелна тема не само во Србија и регионот, туку и ширум Европа. Така, своето мислење за спорниот момент во емисијата „Топ Гол“ во Италија го даде и некогаш најдобриот светски судија, Пјерлуиџи Колина. За Италијанецот нема никакви дилеми – арбитрите одлично си ја завршиле работата и ја донеле вистинската одлука.

„На снимката се е кристално јасно. Голманот е бар половина метар зад гол-линијата, па топката ја вади од голот. Ако јас судев, исто така ќе покажев кон центарот“ – истакна Колина.

Дебата во српската јавност продолжува, а јасно е дека во отсуство на гол-технологија на линијата никогаш нема да се знае точно дали арбитрите, а со нив и Колина, биле во право.

Се вчитува...