Се јави и мајката на Килијан Мбапе: Преговорите завршија…

Трката меѓу Реал Мадрид и ПСЖ по Килијан Мбапе се разгори по информациите дека францускиот голгетер ја прифатил понудата за нов договор со „светците“ и дека ќе продолжи да го носи дресот на овој тим.

Попладнево се јави мајката на фудбалерот, Фајза Ламари, која ја објасни реалната ситуација – дека Мбапе се уште нема донесено конечна одлука.

„Она што можам да го кажам со сигурност е дека ќе нема повеќе разговори и преговори. Се е веќе завршено, двата тима испратија понуди и Килијан начелно ги прифати понудените услови и од двата клуба. Она што е следно – тој да одлучи каде сака да игра следната сезона. Во моментов никој не знае, мислам дека ниту самиот Мбапе, но тој ќе пресече во најскоро време“, изјави мајката на голгетерот.

Според француските медиуми, тоа би можело да се случи веќе в недела, кога Мбапе и официјално ќе објави чиј дрес ќе носи во наредната сезона, дали на Реал или пак на ПСЖ.

Се вчитува...