Се јави и Мбапе: Среќен сум што останувам во мојот град, во Париз!

Од вечерва веќе е и официјално, Килијан Мбапе го стави својот потпис на новиот тригодишен договор со ПСЖ, со што извонредниот голгетер ги разреши сите дилеми околу својата иднина.

Мбапе позираше со претседателот Ал Келаифи со дрес со број 2025 (годината до кога е важноста на новиот договор), по што го даде и првиот коментар на оваа тема.

„Многу сум среќен што ја продолжувам авантурата во ПСЖ. Што останувам во мојот град, во Париз. Се надевам дека ќе продолжам да го правам она што сите го сакаме, да победуваме и да освојуваме титули заедно“, изјави Мбапе.

Се вчитува...