Се јави и Сергеј Андреев: Нивото на Вардар не се споредува со она на Зенит!

По денешната ждрепка за Лигата на Европа во која македонскиот шампион Вардар ги доби Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг, се огласи поранешниот стратег на „црвено-црните“, Сергеј Андреев.

Анализирајќи го Вардар за руските медиуми, Андреев вели дека нивото на Вардар со ништо не може да се спореди со она на Зенит.

„Зенит има одлична група која може да ја помине. Го тренирав Вардар две години, нивното ниво воопшто не може да се спореди со она на Зенит. Вредноста на фудбалери на Зенит е неколку пати повисокот во однос на буџетот на Вардар. Зенит ќе го освои првото место во групата, за кое ќе се бори со Реал Сосиедад, и без сомнение ќе ја мине оваа група. Дел од моето срце остана во Македонија, каде станав шампион во таа земја“ – вели Андреев за рускиот „Спорт експрес“.

sergej andreev print

Како што е познато, Андреев на клупата на најтрофејниот македонски клуб дојде на местото на Благоја Милевски, како добар познаник на Сергеј Самсоненко веднаш по неговото преземање на клубот. Но, во пролетниот дел од сезоната 2014/2015 од лидер на табелата го донесе Вардар до петтото место дури и без настап во Европа.

Сепак, и покрај бројните негодувања од јавноста и пред се вардаровите навивачи, уште една година остана на клупата на Вардар следната сезона стигнувајќи до шампионската круна. По настапот во Европа го напушти кормилото, и беше заменет од дотогашниот спортски директор, Гоце Седлоски.

Се вчитува...