Се јави Ван дер Сар: Благодарам за поддршката, излегов од интензивна нега…

Едвин ван дер Сар излезе како победник од најтешката битка, откако легендарниот голман колабираше за време на одморот во Хрватска, по што лекарите во клиниката во Сплит се изборија за неговиот живот.

Холанѓанецот пред неколку дена беше пренесен во болница во татковината, за денеска самиот да се јави со порака на своите профили на социјалните мрежи, крај фотографијата со својата сопруга сликана на болнички кревет.

„Најпрвин од се, сакам да им се заблагодарам на сите кои ми испратија пораки со поддршка. Пресреќен сум што можам да споделам со вас дека излегов од одделението за интензивна нега. Се уште сум во болница, но се надевам дека следната седмица ќе си заминам дома како следен чекор кон целосна рехабилитација“, објави Ван дер Сар.

Се вчитува...