Се јавија и газдите на Ливерпул: Кутињо останува на „Енфилд“

Барселона дефинитивно ги загуби сите шанси за ангажман на Филипе Кутињо откако американските газди на Ливерпул јасно ставија до знаење дека Бразилецот не е за продажба. Јирген Клоп во неколку наврати повторуваше дека Кутињо нема да биде продаден, „црвените“ одбија и две богати понуди од Барса, за денеска ФСГ (компанијата што е сопственик на клубот од „Енфилд“) самата да се јави со кратко соопштение.

Сакаме да биде јасен нашиот став околу евентуалниот трансфер на Филипе Кутињо. Дефинитивниот став на Ливерпул како клуб е дека понудите за Кутињо воопшто нема да се разгледуваат, без оглед на нивата висина, и тој ќе остане член на Ливерпул при затворањето на преодниот рок“ – се вели во соопштението на ФСГ.

По ова Барселона е принудена да бара други опции за засилувања. Каталонците се пред договор со Борусија Дортмунд за Дембеле, но тренерот Валверде ќе настојува да му биде доведен и уште еден елитен играч за врска.

Се вчитува...