Се „крчка“ трампа: Барселона го сака Обамејанг, Арсенал заинтересиран за Кутињо

Барселона очигледно на секој начин сака да се ослободи од Филипе Кутињо, кој моментално се наоѓа на второто место меѓу најплатените фудбалери кај „каталонците“. По Меси, најплатен играч во тимот на Куман е Антоан Гризман.

Лапорта и Куман воопшто не смета на Бразилецот, па сака што е можно побрзо да се ослободи од Филипе. Дури имаше и опција да биде испратен на позајмица и Барселона да продолжи да плаќа половина од неговата плата од 14 милиони евра.

Последните шпекулации во англиските медиуми се дека Арсенал покажал интерес да потпише со Кутињо, но наместо да плати обештетување го нуди Пјер Емерик Обамејанг како замена.

Габонецот е во лоша форма, а Микел Артета не го ни вклучи во тимот за првиот сезонски натпревар со Брентфорд. Обамејанг има договор со Арсенал до 2024 година, но фактот дека клубот не игра во ниту еден европски куп го тера голгетерот да си замине од „Емирати“.

Се вчитува...