Се крчка трансфер, Ујпешт го изостави Барди од тимот

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е многу блиску да го напушти унгарскиот тим Ујпешт и да направи трансфер во поголем европски клуб, откако беше изоставен од тимот на стартот од сезоната во Унгарија, токму со таква најава. Тренерот Вигњевиќ го послушал советот на раководството на Ујпешт да не го користи Барди на дуелот на гости против Пакс (2-2), затоа што се наоѓа пред трансфер. Виктор Ангелов на овој меч беше на клупата за резервни фудбалери.

За Енис Барди, по неговите одлични игри за Македонија на Европското првенство во Полска за фудбалери до 21 година, се интересираат поголем број европски коубови, меѓу кои Леванте, Херта, Херенвен, Видеотон…

Се вчитува...