Се менува ли логото на НБА: Коби Брајант на местото на Џери Вест (ФОТО)

Бекот на Бруклин, Кари Ирвинг објави интересна слика на социјалната мрежа „Инстаграм“ на која порача дека логото на НБА лигата треба да биде променето во чест на Коби Брајант.

Легендата на ЛА Лејкерс почина минатата година во хеликоптерска несреќа, но Ирвинг смета дека вметнување на силуетата на Коби е најдобар начин на оддавање признание за сето она што Брајант го направи низ годините за НБА-лигата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kyrie (Kaire) (@kyrieirving)

„Ова мора да се случи, не ми е грижа кој што ќе каже. Црните кралеви ја изградија оваа лига“ – стои во објавата на Ирвинг.

Силуетата на НБА логото од 1969 година до ден денеска е легендарниот Џери Вест кој настапуваше во најдобрата кошаркарска лига од 1960 до 1974 година во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, со кој ја освои титулата во 1972 година. Еден од најдобрите „шутери“ на сите времиња настапи на 14 „Олстар“ натпревари, а 10 пати ја освојуваше МВП наградата.

Се вчитува...